Уште четири нови заболени од корона- бројката се искачи на 35 лица

by fokus
Министерството за здравство информира дека денешната бројка на заболени со корона вирус во земјата,состојба до 12.00 часот е 35, откако утровобило утврдено дека четири лица кои се тестирале се позитивни.  Состојбата на сите пациенти е стабилна.
-Доцна синоќа на скопскиот аеродром пристигна авионот со патници од Брисел. Патниците беа тестирани на коронавирус и задржани во изолација до добивање на резулатите. Резулататите на сите патници се негативни, а тие се пуштени дома во задолжителна изолација. Лицата кои беа привремено сместени во Пепелиште беа посетени од епидемилози, а денеска ќе бидат преместени во објектот одреден за групна изолација во Демир Капија,
Повеќе информации за новите заразени лица се очекуват на прес-конференцијата на министерот за здравство, Венко Филипче закажана за во 15 часот.

Поврзани новости