Уште 6 лица починаа од корона, а 123 оздравеа

by Фокус

Во изминатото денонокие починаа 6 лица заразени со корона вирусот, од кои по двајца се од Скопје и Струга и по еден од Куманово и Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се четворица пациенти на возраст од 46, 53, 63 и 69 години. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 42 години. Во ОБ Куманово починат е пациент на возраст од 80 години.

Истовремено, Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од:

-Скопје 77
-Штип 7
-Тетово 15
-Струга 1
-Велес 4
-Битола 2
-Гевгелија 1
-Кочани 2
-Пехчево 1
-Кичево 2
-Ресен 11

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8111,  бројката на оздравени пациенти е 4203, на починати е 382, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3526. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3848, активни 1830
• Куманово 854, активни 186
• Дебар 151, активни 89
• Штип 444, активни 172
• Прилеп 296, активни 63
• Тетово 868, активни 320
• Струга 320, активни 161
• Велес 202, активни 35
• Битола 69, активни 26
• Охрид 225, активни 133
• Кавадарци 25, активни 17
• Гостивар 229, активни 143
• Гевгелија 12, активни 2 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 24, активни 16
• Крива Паланка 19, активни 9
• Радовиш 8, активни 4
• Крушево 12, активни 7
• Кочани 77, активни 15
• Пробиштип 36, активни 24
• Демир Хисар 8, активни 7
• Македонски Брод 8, активни 4
• Пехчево 6, активни 1
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 6, активни 3
• Свети Николе 117, активни 110
• Кичево 73, активни 62
• Ресен 138, активни 82
• Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Поврзани новости