На Инфективната клиника се хоспитализирани 4, а во „8 Септември“ 7 нови ковид-пациенти

by Фокус

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти, со што вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. Притоа, на кислородна поддршка се 55 пациенти, а нема ниту еден на респираторна машина.

Како што информираат од Министерството за здравство, во болницата во Козле се хоспитализирани 22 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни и 1 дете суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“, пак, примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 95 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 27, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 114 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Сликата со активни случаи по општини во Скопје денеска изгледа вака:

• Чаир – 300
• Аеродром – 159
• Бутел – 131
• Гази Баба – 189
• Центар – 138
• Карпош – 140
• Сарај – 120
• Кисела Вода – 108
• Ѓорче Петров – 105
• Студеничани – 110
• Шуто Оризари – 79
• Арачиново – 43
• Илинден – 23
• Петровец – 18
• Чучер Сандево – 11
• Сопиште – 9
• Зелениково- 14
• Странец – 5
• Нераспределен- 128

Поврзани новости