Уште 50 гостиварци со симптоми на труење, се препорачува флаширана вода за пиење

by fokus 18:22
18:22
Педесетина нови лица со симптоми на повраќање, дијареа и покачена температура, се регистрирани во изминатот деноноќие во гостиварската општа болница, со што бројката на затруени се искачи на близу 500, објави телевизија Алфа.
Првичните анализи на водата во Гостивар, покажа нормални параметри, но сепак, во скопската референтна лабораторија, испратени се нови мостри, и се прават дополнителни испитувања, бидејќи водата од градскиот водовод и натаму е единствениот сомнеж за труењето.
Конечните анализи се очекува да бидат готови за 2- 3 денови. Дотогаш, надлежните препорачуваат да се пие исклучиво флаширана вода

Поврзани новости