Уште 30 дена куќен притвор за членовите на Левица

by Фокус 18:24
18:24

Здравко Савески и Владимир Куноски, членови на партијата „Левица” и Борјан Ефтимов од Студентски Пленум остануваат во куќен притвор уште 30 дена.

„Ни го продолжија куќниот притвор за 30 дена, сметано од денес. Браво бе, многу сте јаки“, објави Савески попладнево на својот Фејсбук профил.

- Advertisements -

Претходно ним им беше одреден осумдневен куќен притвор, откако беа приведени поради учество во толпа за време на демолирање на Канцеларијата на Иванов.

На одлуката за продолжување на домашниот притвор, остро реагираа и од Студентски пленум.

„Aболирани криминалци, товарени за тешки злодела се на слобода, додека студенти се затвораат поради нивната слободна мисла и барање да се врати правдата во државата“,  се вели во нивната реакцијата.

 

Поврзани новости