Димитриев: Владата направи максимум да им помогне на институциите за изборите

by Фокус 17:59
17:59

Претседателот на Владата задолжен за спроведување на изборите, Емил Димитриев, смета дека се исполнети сите услови за одржување на изборите на 5 јуни и дека Владата направила се што е во нејзина моќ за да се постигне тоа.

-Владата направи се максимум да помогне на институциите кои се одговорни за организирање на изборите. Тука првенствено мислам на нашата соработка со Државната изборна комисија (ДИК). ДИК од своја страна сработи се што требаше да биде сработено во делот на прочистување на Избирачкиот список и во делот на носење на Роковникот кој понатака ќе ги определува активностите врзани за изборите, рече Димитриев одговарајќи на новинарско прашање.

- Advertising -

Тој денеска ја посети касарната Илинден во Скопје и положи цвеќе на Споменикот на загинатите припадници на полкот за специјални операции на АРМ кај Вејце.

 

Поврзани новости