Уште 29 починати од ковид, најмладиот имал 37 години

by fokus

Во изминатото деноноќие, оздравеле 232 пациенти заразени со ковид 19, а пријавени се 29 починати лица, меѓу кои најмладиот имал 37 години.

Инаку, 6 починати лица се од Тетово (37,42,57,64,73, и 81), 5 од Струга (64,67,70,76 и 77), 4 од Скопје (47,55,69 и 79), по 3 лица од Гостивар (54,71 и 81), Куманово (52,63 и 80) и Струмица (66,74 и 82), по едно починато лице од Кичево (80), Битола (57), Велес (54), Македонска Каменица (58) и Пехчево (67). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Досега, во земјата се направени вкупно 1.124.993 тестирања, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 171.576. Бројката на оздравени пациенти, пак, е 153.148, на починати е 5.755, додека бројот на активни случаи изнесува 12.673.

Поврзани новости