Претседателот на судскиот совет, Бранко Ушковски, на денешниот прием на Денот на правосудството откако го прочита обраќањето до гостите, одби да одговара на прашања за огромните проблеми со кои се соочува судството и ги избрка новинарите, јавува Алсат М.
Што се однесува до критиките кои често се упатуваа за независноста на Судот, Ушковски рече дека критичарите на судската фела постапувале под менторство на одредени центри на моќ.
-А, тоа е особено изразено преку правење на конструкции и инсинуации во судството. И кои, се разбира, им се наменети за дневно – политички потреби. За дефокусирање на јавноста и за разни други поводи и цели кои се насочени за намерно, за жал, уривање на целокупниот судски систем во кој очигледно истите и најдобро се снаоѓаат, рече Ушковски.