Ангелов: Дали со притворањето на Грујевски конечно ќе престане прислушувањето?

by Фокус

Управата за безбедност и контраразузнавање при МВР како контраразузнавачка служба на МВР досега се занимаваше претежно со контраразузнавачки активности за заштита на бизнис интересните на акционерското друштво ВМРО-ДПМНЕ, истакна денеска на прес конференција претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов.

-Едно прашање до министерот за внатрешни работи, дали со затварањето на началникот на петтата управа, Грујевски ќе престане незаконското прислушување? Дали од денес натаму граѓаните ќе можат нормално да зборуваат на телефон без притоа да се плашат дека ќе бидат незаконски прислушувани, праша Ангелов.

Тој истакна дека Достоинство го поддржува Специјалното обвинителство, а за тврдењата на Јанкулоска дека уништената опрема вредела еден денар, вели дека е поигрување со интелегенцијата на граѓаните и понижување на работата на Специјалното јавно обвинителство.

-Го прашуваме судот до кога ќе ја штити Гордана Јанкуловска и кога таа најпосле ќе отиде онаму каде што одамна требаше да замине. Во оваа прилика, Достоинство дава огромна поддршка до СЈО и воедно и благодарност за нивните активности со надеш дека СЈО ќе ја извади МК од калта и криминалот во којшто е заглавена, рече Ангелов.

Поврзани новости