ОБСЕ ја започна набљудувачката мисија за изборите

by fokus 14:46
14:46

ОБСЕ ја заочна набљудувачката мисија во Македонија. На првата прес конференција Јан Питрсен, амбасадорот на ОБСЕ изјави дека ДИК треба да каже дали е подготвена за избори.

-Треба да ја прашате ДИК дали е подготвена за избори. Во теренската проверка на сомнителните гласачи, процес кој веќе е започнат од страна на ДИК ние нема да се вклучиме, а за состојбата со Избирачкиот список ќе известиме во нашиот конечен извештај. Изборите се закажани за 5 јуни. Нема причина јас да навлегувам понатаму во ова прашање. Доколку се случи нешто друго ќе го имаме и тоа  предвид, но засега ние имаме покана дека изборите се закажани на тој датум, изјави Питрсен.

Тој зборуваше и за мисијата како ќе биде организирана.

- Advertising -

– За таа цел ние ангажиравме 24 долгорочни и 300 краткорочни набљудувачи. Ние од денеска започнавме со работа. Имавме добри средби денеска со министерот за надворешни работи и со претставниците на ДИК, средба која мина одлично. До денот на изборите ќе оствариме средби со претставници на другите државни институции, политичките партии, кандидатите, граѓанското општество, медиумите и странските мисии во земјава. Ова се 16 избори кои ние ќе ги набљудуваме од 1998 година до денес. Главниот наш штаб ќе биде во Скопје и ќе има 12 меѓународни експерти од 10 земји членки на ОБСЕ. Следната недела ги очекуваме 24 долгорочни набљудувачи. Тие ќе бидат распородени во региони низ земјава. Останатите 300 набљудувачи ќе дојдат пред изборите. Во екипи по двајца ќе следат ден пред, за и ден после изборите, вклучувајќи го и броењето. Ќе ги мониторираме и медиумите во текот на изборите. Ќе имаме два јавни периодични извештаи, а ден по изборите ќе дадеме прелиминарна оценка на прес конференција. Нашата мисија ќе биде придружувана и од членови на Парламентарното собрание на ОБСЕ и од Советот на Европа. По денот на изборите ќе ја следиме пост изборната состојба. Осум недели по изборите ќе го објавиме извештајот кој ќе е конечен. Тој ќе има препораки како да се подобри избирачкиот процес – нагласи Питерсен.

 

 

Поврзани новости