Кик Боксинг федерација на Македонија на вонредна седница за свој нов претседател го избра поранешниот шеф на обезбедувањето на Никола Груевски, Дејан Митровски – Урко. За него гласаа сите членови на вчерашното собрание.
-Го сакам кик боксот, ќе работам чесно и достојно во согласност со Статутот на КБФМ за доброто на кик боксот и за негово издигнување на уште повисоко ниво. Веќе работиме на подобрување на меѓу клупските и меѓу тренерските односи, за сите заедно да дадеме свој придонес кон зајакнување на колективот помеѓу клубовите во федерацијата, кој ќе вроди со продуцирање на поквалитетни натпреварувачи и постигнување на уште поголеми резултати како на домашни така и на меѓународни првенства, изјави Митровски на првата седница на новиот Извршен одбор.
На собранието беше избран и Извршен одбор и нов Надзорен одбор на Кик боксинг федерацијата на Македонија.