Не ни треба уште една власт која преку полицијата ќе покажува моќ и ќе влева страв кај граѓаните!, напиша на својот фејсбук профил извршниот директор на Хелсиншки комитет – Македонија, Уранија Пировска, во врска со синоќешната акција на полицијата во ноќните клубови.
Посетители во местата каде упаднала полицијата велат дека специјалците демонстрирале сила движејќи се со автоматски пушки и оружје.
„МВР се слушаме? Постојат правила и стандарди за примена на мерки за присилба! Ќе се бараат одговори за потребата да се демонстрира сила со огнено оружје во дискотека полна со луѓе! Ќе се постави и прашањето на командна одговорност! Кој ја дал наредбата и зошто? Полицијата постои да ги заштитува граѓаните и да постапува во рамки на дозволена и неопходна примена на сила и мерки за присилба, секогаш заради обезбедување на сигурност и безбедност!“, напиша Пировска.