Двајца мажи се обиделе да киднапираат девојка од Чаир, избегале кога таа викнала по татко и

by fokus

Две лица се обиделе насилно да внесат 19 годишна девојка во автомобил синоќа на ул. „Индира Ганди“ во општина Чаир.

Во Полициската станица Чаир, С.Г. (19) пријавила дека синоќа  во 21:30 часот додека се движела по улицата „Индира Ганди“ позади неа се движело возило во кое имало две лица. Во еден момент возилото се доближило до пријавителката и застанало и притоа едниот ја фатил за рака и почнал да ја влече, а другото лице ја туркало од зад грб со намера да ја внесат во возилото. Откако викнала по нејзиниот татко лицата го напуштиле местото на настанот, информира Министерството за внатрешни работи во редовниот Билтен.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости