Ураганот Ида остави блиску 700 илјади граѓани без струја, загина едно лице

by Fokus

Американскиот претседател Џо Бајден, прогласи катастрофа во Лузијана и нареди на подрачјата погодени од ураганот Ида да им се пружи сојузна помош, соопшти Белата Куќа.

Ураганот Ида во неделата стигна до крајбрежјето на Лузијана, како ураган од 4. категорија, а ослаби на категорија 1, соопшти Националниот центар за урагани.

Ида се наоѓа на 30 километри југоисточно од Батон Руж, со ветрови од 155 километри на час, објави „НХЦ“.

Ида за само три дена откако се се појави во Карипското море како тропска бура, засили во ураган од категорија 4, со ветрови од 240 километри на час. За неколку часа стигна до Њу Орлеанс како бура со категорија 3, со нешто послаби ветрови, но со бранови поголеми од 1,8 метри на некои делови од крајбрежјето.

Целото подрачје на Њу Орлеанс во недела после 19 часот остана без електрична енергија. Според компанијата „Ентерџи“, дошло до „катастрофално“ оштетување во составот за снабдување со електрична енергија, а според податоците од компанијата, без струја останале повеќе од 673 илјади потрошувачи на подрачјето на Њу Орлеанс.

Засега едно лице е пријавено за загинато.

Поврзани новости