Управниот суд соопшти дека во 12 часот ќе одржи јавна седница на која ќе одлучува за тужбата поднесена од Коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ против Решението на ДИК со кое се поништува гласањето на едно избирачко место во Гостивар.
-Управниот суд на ден 20.12.2016 година, во совет составен од судиите Есма Алибашиќ-Јонуз – претседател на советот, Розалиа Кочковска – член, Ана Герасимовска – член, Тања Терзиева – член и Ељмедине Асани – член, со почеток во 12:00 часот, во канцеларија бр. 6 ќе одржи јавна седница по поднесената тужба од Коалицијата за предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија 2016 година предводена од ВМРО – ДПМНЕ за поништување на Решението на Државната изборна комисија УП1.10-487 од 16.12.2016 година, заведена под УРП. бр. 517/2016, се вели во сооштението од Судот.
Доколку Управниот суд одлучи да ја отфрли тужбата, тогаш ќе се спроведе прегласување во спорното избирачко место, што може да доведе во еднаков број на мандати меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.