Ахмети–Бејли: Да продолжи соработката со САД

by fokus

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска беше на средба со американскиот амбасадор Џес Бејли, посветена на изборниот процес и ситуацијата создадена по изборите.

Според партиското соопштение, Ахмети ја нагласил важноста од соработката со меѓународната задница и порачал партнерството да продолжи во интерес на разрешување на кризата.

-Затоа ова стратешко партнерство на ДУИ со американските сојузници ќе продолжи во духот на исполнување на заедничките интереси, полноправно членство во НАТО и ЕУ- се вели во соопштението од ДУИ и се додава дека на средбата Ахмети зборувал и за „одредени групи кои сакаат несигурност, геополитичка нестабилност и непредвидливост на земјата”.

Ахмети нагласил дека ДУИ е посветена на одржување на стабилноста и стратешката определба на земјата за партнерство со Брисел и Вашингтон.

Тој ја истакнал важноста на склучувањето на Рамковниот договор, но и јазична и економска еднаквост, реформи и владеење на правото како и евроатлантската интеграција.

Поврзани новости