Ги снема канделабрите од 100.000 евра од мостот „Мајка Тереза“

by fokus

Канделабрите на мостот  „Мајка Тереза“, кај МАНУ, кои беа поставени на почетокот на оваа година, се пресечени или извадени, според она што може да се види од овие фотографии, објави Актуелно.

Во јануари годинава кога се менуваа старите од град Скопје објаснуваа дека постојните не се ниту расипани, ниту уништени, туку, едноставно било потребно да соодветствуваат со амбиентот на блискиот плоштад „Пресвета Богородица“.

Медиумите тогаш известуваа дека надлежните процениле оти за новите канделабри ќе дадат околу 100.000 евра. Како што беше наведено во огласот, стануваше збор за изградба на ново јавно осветлување.

Поврзани новости