346
Судечките совети на Управниот суд донеле одлуки за сите 28 тужби од политичките партии поднесени од политичките партии против решенијата на Државната изборна комисија за приговорите за првиот круг од локалните избори.
Досега објавени се одлуките за 16 тужби кои се одбиваат како неосновани, од кои 14 се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, а по една од ТМРО и Левица.
Одлуките на Управниот суд, за кои одлучуваа судечки совети составени од по пет судии избрани по пат на жрепка, се конечни.