Груевски се обидува да мобилизира гласачи: Јас сум небитен, ова е битка за Македонија!

by Фокус

Ова не е битка за власт, ова не е битка за Никола Груевски, јас сум небитен, ова е битка на ВМРО, битка за Македонија, рече Никола Груевски на свечената академија во Штип по повод Денот на македонската револуционерна борба, во обид да мобилизира што повеќе гласачи во вториот круг на изборите, откако самиот претходно призна дека партијата загубила традционални гласали, откажувајќи се од традиционални политики.

-Во животот не можете да одлучите само кога ќе се родите. Се друго е одлука. Ние можевме да одлучиме да не се бориме и за сметка на тоа откажување денеска ќе добиевме пофалби од секаде. Можевме да ја свиткаме кичмата, ама одбивме. Ние не сме тие кои клекнуваат на колена. Ако се бориш може да победиш или да загубиш, ако не се бориш ти уште од старт си загубил – рече Груевски, сакајќи да објасни дека е жртва поради тоа што ги бранел државните интереси.

Поврзани новости