Управниот суд ја одби тужбата на Неделкова

by fokus

 

Управниот суд ја одби тужбата на судијката Лидија Неделкова со која бараше поништување на одлуките за вонредно оценување на судиите пред Судскиот совет. Освен тоа одбиено и барањето за времено запирање на изборот на претседател на Врховниот суд во чија трка е и Неделкова.

-Имајќи предвид дека Управниот суд, Барањето за заштита на право, загарантирано со Уставот на Република Македонија, поднесено од Лидија Неделкова, го одби како неосновано, најде дека предлог за издавање на времена мерка со која ведаш ќе се забрани понатамошно преземање на дејствијата на Судскиот совет за избор на председател на Врховниот суд на Република Македонија, е безпредметен- се наведува во одлуката на Управен.

Според Неделкова, Судскиот совет го прекршил законот кога донел одлука за вонредно оценување и го повредил нејзиното уставно право за јавност во постапката.

Според одлуката на Управен, Неделкова добила оценка многу добар, која е највисоката, но со 185 бодови. Таа пак, е незадоволна од бројот на бодовите и од фактот дека и по приговор Советот не ги прифати нејзините објавени научни трудови.

Поврзани новости