Жбогар: Нема да е тешко да се соберат потписи за нова влада

by fokus

Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар е оптимист дека за брзо време ќе се соберат потребните потписи од најмалку 61 пратеник за формирање влада, услов кој претседателот Ѓорге Иванов го постави за да назначи нов мандатар.

-Ние како ЕУ го надгледуваме самиот процес, сите политички партии треба да бидат длабоко посветени на агендата кон ЕУ. Ние мислиме дека нема да биде тешко да се соберат 61, па дури и повеќе од 61 потпис. Важно е новата Влада да биде посветена на реформите. Значи потребна е коалиција за реформи и затоа мислиме дека нема да биде тешко да се соберат потребните потписи за коалиција која ќе биде посветена на реформите за ЕУ-рече Жбогар.

Поврзани новости