Унитети: Полицијата на Ахмети и Груевски уапси инвалид

by Фокус

Полицијата со која раководат Али Ахмети и Никола Груевски, во вчерашната акција во Скопје и Куманово, во обид да ја дефокусира јавноста од неуспехот на преговорите, апсеше граѓани, меѓу кои се најде и инвалидизиран човек, реагираат од новата албанска партија Унитети на довчерашниот функционер на ДУИ Гзим Острени.

„Сакаме да знаеме кои ќе бидат следните чекори на оваа влада во заминување, дали се уште ќе ја дефокусира јавноста од нивните неуспеси на последователните наводни демократски процеси“, стои во партиската реакција.

Поврзани новости