Хан доаѓа во Скопје

by Фокус

Јоханес Хан, комесар за проширување на ЕУ, во понеделник ќе допатува во Скопје со цел да ги откочи преговорите за имлпементирање на политичкиот договор од Пржино.

Неговата портпаролка Маја Коцијанчич во изјава за МИА рече дека ЕК бара четирите политички партии да се држат до распоредот во спроведувањето на точките од договорот што донесе крај на политичката криза во земјата.

– Можам да потврдам дека комесарот Хан ќе отпатува во Скопје за да се сретне со сите засегнати страни. Брисел ја следи ситуацијата одблиску – изјави таа.

Поврзани новости