489
Синоќешната одлука на ДУИ за повлекување на нејзините членови од Владата е политички трик, вели пратеникот Зулфи Адили од партијата Унитети.
– Се работи за договор меѓу двата коалициски партнера за да се оди на избори на договорениот датум на 5 јуни, без оглед на тоа што нема услови. Пржинскиот договор, СЈО, медиумите сето тоа е во почетна фаза. ДУИ досега имаше можност да излезе во владата, ние сме убедени дека се работи за политички трик – вели Адили.