Во 11 часот министрите од ДУИ ќе ги достават оставките до премиерот Димитриев

by Фокус
Министрите од ДУИ во Владата во 11 часот ги доставуваат оставките до премиерот Емил Димитриев, информираат од партијата на Ахмети.

– Не можеме во оваа држава само ДУИ да се грижи за нејзината иднина, институциите имаа обврска да покренат постапка за лицата што објавуваат приватни разговори, но останаа неми. Ова е првиот чекор за предупредување, не значи дека нема да одиме и чекор натаму – велат од ДУИ.

Повеќето од функционерите на ДУИ велат дека во текот на денот, партијата ќе ги образложи своите одлуки за излегување од владата.

Поврзани новости