МОСТ бара кратење на роковите за бришење на спорните гласачи од избирачкиот список

by Фокус 12:49
12:49

Граѓанската асоцијација МОСТ до политичките партии предложи измени на неколку закони со цел да се забрза постапката за бришење на евентуалните спорни гласачи од избирачкиот список. Како што појасни денеска на прес конференција извршниот директор на организацијата, Дарко Алексов, станува збор за измени на законите за лична карта, за живеалиште и престојувалиште, на општата упрвна постапка и за управни спорови. Според него, со овие законски измена целата постапка од една година може да се забрза само за следните парламентарни избори и да се скрати на околу 70 дена.

– Согласно постоечките законски прописи, потребни се околу 20 дена за завршување на постапката на поништување на личната карта и живеалиште, а доколку граѓанинот поднесе жалба и потоа поведе управен спор процедурата може да се пролонгира и на повеќе од една година, при што во овие рокови не е пресметано времето кое претходно ќе му биде потребно на МВР да ги изврши административните и теренските проверки на овие гласачи за да констатира дали може да се покрене постапка за поништување на живеалиштето и личната карта – рече Алексов.

Инаку, доколку МВР утврди дека постојат незаконитости во постапката за пријавување на живеалиште носи решение за поништување на живеалиштето. Врз основа на ваквото решение, МВР покренува посрапка и носи решение за поништување на личната карта, па по донесувањето решението треба во рок од 7 дена да го достави до странката на адресата наведена на личната карта. Доколку МВР не успее да изврши лична достава, се прави достава по пошта и се остава рок од седум дена за граѓанинот да одговори. Доколку живеалиштето на граѓанинот е непознмато, МВР го огласува решението во два последователни броја од еден дневен весник, а потоа и во Службен весник на РМ, по што се смета дека граѓанинот е уредно известен.

- Advertising -

Понатаму, доколку граѓанинот не биде пронајден по сите овие обиди, МВР е должно да му додели законски застапник на кого му го доставува решението за поништување по шт почнува да тече рокот за жалба од 15 дена. Ако во овој рок не е поднесена жалба, МВР го прогласува решението за конечно и извршно. Ако граѓанинот е пронајден, тој има рок од 15 дена од денот на прием на решението да поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од рабпотен однос во втор степен, која има рок од 60 дена да одлучи по жалбата.

На крајот, граѓанинот има право во рок од 30 дена да поднесе тужба против одлуката на Комисјата пред Управниот суд. Законот не предвидува рок во рок судот донесува пресуда по тужбата. По донесувањето на пресудата, граѓанинот има право на жалба во Вишиот управен суд но и тука законот на предвидува рокови ниту за поднесување ниту за одлучување.

 

Поврзани новости