Унија на млади сили на ДПМНЕ: Партискиот штаб на СДСМ е државен имот

by Фокус

Имотот на СДСМ е имот на Министерството за образование. Партијата наследничка на сојузот на комунисти, го присвоила и него и си направиле сопствен партиски штаб, обвини на денешната прес-конференција Коче Гаврилов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

– Бараме СДСМ веднаш да го врати истиот во владение на државата, а Владата да го реновира и адаптира во нов студентски дом, каде што според проектниот план би се сместиле околу 250 студенти од внатрешноста на Македонија. За прв пат очекуваме искрен однос од СДСМ и поддршка на нашата иницијатива од Социјалдемократската младина.Секоја поинаква реакција ќе покаже дека нема крај на лицемерието на елитата од социјал демократскиот сојуз. Доколку СДСМ не го врати имотот, партијата и нивната младина немаат повеќе никакво право и кредибилитет да зборуваат за студентски стандард и грижа за студентите во Македонија – тврдат од Унијата.

Поврзани новости