УНХЦР: Србија и Македонија пропуштаат само Сиријци, Ирачани и Авганистанци

by Фокус

Србија и Македонија го ограничија пропуштањето на имигрантите преку своите граници и на нивните територии дозволуваат влез само на бегалци од Сирија, Иран и Авганистан, соопшти денеска Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) во Белград.

Мелита Шуњиќ, портпаролката на Канцеларијата на УНХЦР изјави дека двете земји ги враќаат имигрантите од другите држави, па така стотици од нив останале на границите.

– Од вчера од 18 часот, Србија почна во Македонија да ги враќа сите имигранти кои не се од Сирија, Ирак и Авганистан, нагалси Шуњиќ, додавајќи дека по ова, во текот на ноќта, околу 3 часот, и македонската полиција почнала да не им дозволува влез во земјата од Грција на имигранти кои не се Сиријци, Ирачани или Авганистанци – истакна Шуњиќ.

 

Поврзани новости