Жерновски и Спасовски разговараа за нерасчистените напади врз општина Центар

by Фокус 14:04
14:04

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски денеска одржаа средба, на која беше разговарано и за нерасчистените напади на општината од јуни 3013 година, кога група на граѓани кршеа и ја рушеа општината.

Министерството, водено од претходното раководство, воопшто не постапуваше по овој случај, а истиот датира уште од јуни 2013 година. Во нападите беа демолирани бараките на општината и еден советник беше повреден, но против никој не беше поднесена кривична пријава.

- Advertisements -

Овој случај и е познат на јавноста и од таканаречените „бомби“, кои ги објави лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев каде се слуша како премиерот Никола Груевски наводно нарачува насилство врз градоначалникот и е директно вмешан во организацијата на овие напади.

Поврзани новости