УНХЦР денеска очекува бран од околу 7.000 мигранти

by Фокус

УНХЦР очекува нов бран од околу 7.000 мигранти да пристигне денеска на македонско-грчката граница, објави МИА.

Се очекува во текот на денот кон прифатниот камп во Гевгелија мигрантите постепено да пристигнуваат.

За време на викендот, мигрантите се превезувале само со воз од платформата во Гевгелија до Табановце. Кон границата со Србија и денеска тие заминуваат по железнички пат со редовните и специјалните возови. Во изминативе 12 часа кон Табановце заминале 1.500 мигранти, а утрово кон северната граница заминал уште еден специјален воз со околу 1.000 мигранти.

Претставниците на УНХЦР оперираат со бројка од околу 3.000 мигранти кои изминативе 24 часа заминале од јужната кон северната граница. Според нив, состојбата на границата е нормална, а прифатниот пункт за мигрантите функционира во најдобар ред.

Поврзани новости