435
Унгарските разузнавачки служби му помогнале на експремиерот Никола Груевски да избега, објави унгарскиот весник Политико Европа.
Унгарските власти досега признаа дека унгарски диломати го спровеле Груевски до Будимпешта откако побарал азил во унгарската амбасада во Тирана, но негираат вмешаност во неговото бегство од Македонија до Албанија.
Неодамна, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека Груевски бил придружуван од двајца унгарски државјани уште кога ја напуштал Македонија, но на ваквите информации се уште нема официјална потврда.