Нов владика на МПЦ ќе стане помошникот на Наум

by Фокус

Македонската православна црква – Охридска архиепископија утре во манастирот во Водоча за нов владика ќе го хиротониса епископот полјански отец Јаков, кој како викарен епископ на струмичката епархија ќе му помага во раководењето на владиката Наум.

Отец Јаков е вториот викарен (помошник) епископ во МПЦ-ОА, покрај викарниот епископ хераклејски Климент од манастирот во Зрзе, кој воедно е и секретар на Синодот на МПЦ-ОА.

Според последните уставни измени на МПЦ-ОА, кои беа потврдени на црковно-народниот собор одржан минатиот месец во струшко Калишта, викарните епископи ќе присуствуваат на седници на Синодот, но ќе немаат право на глас.

Поврзани новости