Унгарија: Невладините финансирани од Сорос немаат причина за страв

by fokus

Откако функционери на владејачката партија во Унгарија се заканија со затворање на невладините организации кои се финансирани од Џорџ Сорос, сега ги омекнуваат ставовите.

-Фондациите кои ги поддржува американскиот милијардер и инвеститор Џорџ Сорос немаат причина за страв и од нив се очекува само да ги следат правилата на транспарентност, изјави заменикот претседател на владејачката партија во Унгарија, Фидес Гергељ Гуљаш.

Ова е одговор на Гуљаш на изјавата на Сорос на Светскиот економски форум во Давос дека заканите на унгарската влада на невладините организации е во спротивност со обврските и вредностите на ЕУ и владеењето на правото.

Поврзани новости