Владика Тимотеј: Не сум во тек со лудориите на отец Тодоров

by fokus

Моментално сум во Австралија и не сум во тек со лудориите на Тодоров. Вака одговори портпаролот на МПЦ-ОА, владиката Тимотеј на прашањето на ПлусИнфо за коментар за статусот на Фејсбук на свештеникот на МПЦ-ОА, Ивица Тодоров, кој отворено, како свештеник, се стави во служба на државната хајка против „соросоидите“.

„Ме запрашаа вчера: „Отец Ивица, а која е вистинската цел на соросоидската пропаганда, кампања, активизам и енормното вложување пари?“ Одговорив: „Целта е ментална и генетска мутација, а со цел личностите кои се целна група за ОБРАБОТУВАЊЕ да го забрзаат светскиот процес на ентропија, односно празнање на ментално/ интелектуалните и духовните/ личносните капацитети на конкретна личност, општество, нација, држава, човештво. Всушност тоа е процес на – ЗОМБИРАЊЕ – , формирање на форми без суштина, личности без БОГОЦЕНТРИЧЕН светоглед, а со препознатлив НИХИЛИСТЧКО ОГРЕВОВЕН светоглед! Таквите „личност“ се себецентрични, односно, дрски егоисти и себеугодници и како такви тие стануваат „топовско месо“ на своите идеолошки дилери кои ги дрогираат со умисленоста дека тие се „фактор“, дека се им е дозволено и дека не постои ГРЕВ и ОДГОВОРНОСТ“, напиша неодамна Тодоров на Фејсбук.

Поврзани новости