Унгарија не прифаќа дополнителна НАТО војска на нејзина територија

by fokus

Унгарија нема да прифати дополнителни војници на НАТО на своја територија, како дел од маневрите на Алијансата во врска со ситуацијата во Украина, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто за Евроњуз.

САД испратија дополнителни војници во Полска и Романија, а Германија во Литванија. Војници на НАТО, исто така, има во Естонија, Летонија, Литванија и Полска.

Сепак, Сијарто истакна дека повеќе војници на НАТО нема да пристигнат на унгарска територија.

– Не, ние не се согласивме со тоа и нема да се согласиме, бидејќи веќе имаме војници на НАТО на наша територија, а тоа се унгарската армија и унгарските вооружени сили. Тие се во доволно добра состојба за да ја гарантираат безбедноста на земјата. Затоа не ни требаат повеќе војници на унгарска територија, изјави шефот на унгарската дипломатија.

Поврзани новости