УНЕСКО: Владините проекти го уништуваат Охрид

by fokus

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО алармира дека големиот број инфраструктурни проекти предложени за регионот во Охрид ќе влијаат врз неговата исклучителна вредност.

 На последната седница во Истанбул,Комисијата усвоила одлука со која изразува загриженост за иднината на овој регион, бидејќи утврдено е дека овие проекти веројатно ќе предизвикаат значителни потенцијални влијанија врз неговата универзална вредност.

УНЕСКО ја нагласува и можноста Охрид да биде вклучен на Листата на светското наследство во опасност, во 2017 година.

По оваа одлука на страницата отворена е петиција на www.change.org за заштита на едиствената локација во земјава под УНЕСКО, на која веќе се јавиле над 16 илјади лица.

Поврзани новости