Владата купува опрема за АРМ, опозицијата бара поништување на тендерот

by fokus 21:12
21:12

Министерството за одбрана распиша тендер за нова опрема на Армијата на Македонија. За модернизација на армијата предвидени се 250 милиони евра.

Од Министерството велат дека ова ќе биде најголемата инвестиција на вооружените армиски сили во последните дваесет години, а убедуваат дека на овој начин земјата ќе се доближи до членкитена НАТО, зад кои далеку заостанува во поглед на армиите.

Од опозицискиот СДСМ пак, реагираат дека тендерот има многу спорни елементи и бараат истиот да се поништи. Опозицијата посочува дека најспорен момент е тоа што предвидено е опремата да се исплаќа во период од 2018 до 2026 година.

-Оклопните возила се дамнешна потреба на АРМ, но тендерот за набавка на истите во вредност од 250 милиони евра има многу спорни моменти. Единствен критериум при набавката на транспортерите е само цената. Нема ништо во однос на квалитетот и техничките карактеристики на возилата, одржување, сервисирање и резервните делови за опремата. Ја нема можноста за ангажирање на домашни капацитети во понатамошно одржувањето на возилата. Најспорна е предвидената исплатата на возилата да се одвива во периодот од 2018 до 2026 година. Значи ВМРО-ДПМНЕ нема средства за исплата во моментов и оваа обврска ја остава на идните влади – велат од СДСМ.

 

Поврзани новости