Ќерката на Велија Рамковски излезе од затвор

by fokus

Ќерката на Велија Рамковски, Емел денеска излезе од затвор.

„Денес е убав ден – Емел Рамковска конечно на слобода! Ја одлежа ” машки” политичката казна до последен ден. Честитам на целата храброст и издржливоста која ја покажа. Да бидеш здрава и жива. И главта горе. Твоето време допрва доаѓа“ – напиша на својот фејсбук профил, Сефер Цаноски, зет на Велија.

Емел беше осудена на шестгодишна затворска казна за случајот „Пајажина“, во кој беше затворена и тогашната најгледана телевизија А1.

Сопственикот на телевизијата, Велија Рамковски, беше осуден на 13 годишна затворска казна. Синот на Велија, хеди доби седумгодишна затворска казна, а неговиот брат Амди, шест.

Поврзани новости