Унапредување на регионалната соработка – перспективи за воспоставување на соработка помеѓу Коморскиот инвестициски форум и НЛБ Групацијата

by Фокус 11:57
11:57

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, во својство на заменик-претседател на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан, зема учество на Тркалезната маса, организирана од страна на НЛБ Групацијата. На тркалезната маса, која се одржа во Охрид на 29-ти Август 2018 година, беа присутни менаџерите од сите банки членки на НЛБ Групацијата и претставници од македонски компании кои имаат свои компании на територијата каде е присутна НЛБ Групацијата.

Азески се осврна на активностите на КИФ и улогата која Коморскиот инвестициски форум преку својот Секретаријат во Трст ја има во развивањето на јавно-приватниот дијалог и унапредувањето на конкурентноста на регионот на Западен Балкан, залагањето за отстранување на бариерите за меѓусебната соработка, креирањето на поволно деловно опкружување за поттикнување на странски инвестиции и активностите за надминување на отворените прашања во областа на транспортната, енергетската и комуналната инфраструктура, унапредувањето на деловната и инвестициската клима и развојот на приватниот сектор.

- Advertisements -

Тој посочи дека еден од првите конкретни резултати на активностите на КИФ е инвестициската платформа (http://investinsee.com/), која го претставува регионот како единствена инвестициска дестинација и функционира како централна точка од која потенцијалните инвеститори ги добиваат сите потребни информации за инвестирање во земјите од Западен Балкан, вклучувајќи пристап до база на податоци за макроекономските показатели, правната рамка, пазарот, финансиските и други стимулации, потенцијалните партнери и добавувачи, како и конкретни проекти во кои може да го вложат својот капитал.

Имајќи ги предвид целите кон кои се насочени активностите на КИФ, кој е основан во 2015 година како резултат на имплементацијата на Заклучоците од „Берлинскиот процес“ кој започна под покровителство на германската канцеларка Ангела Меркел, преку јакнењето на регионалната соработка, во насока на активно вклучување на националните стопански комори во реализацијата на конкретните цели од овој процес, како и значењето и улогата на НЛБ Групацијата како една од најголемите банкарски и финансиски групации на подрачјето на Западен Балкан, која има свои претставништва со значајно пазарно учество во земјите од Западен Балкан (Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија), со повеќе од 1,8 милиони активни корисници и широка мрежа од повеќе од 350 подружници, се разговараше за можностите за унапредување на соработката помеѓу двата ентитети.

Притоа, разгледани беа можностите за реализација на заеднички активности во областа на унапредување на пристапот до финансии за малите и средни претпријатија од подрачјето на Западен Балкан, како и во областа на дигитализацијата и беше разгледан предлогот во иднина заедничката соработка да се нормира преку склучување на заеднички меморандум за соработка помеѓу НЛБ Групацијата и Коморскиот инвестициски Форум.

Поврзани новости