Бачев: ВМРО и СДСМ за 27 години украдоа над 15 милијарди евра

by Фокус

Ако Македонија мора да влезе во ЕУ и НАТО за да дојдат многу пари и странски инвестиции, тогаш како Христијан Мицковски и Зоран Заев како створија богат живот и натрупаа богатства во држава која не е членка на НАТО и ЕУ, прашаа од Единствена Македонија на Јанко Бачев.

„Народот не сака членство во НАТО и ЕУ, туку тоа го сакаат само купените и корумпирани политичари од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за чие владеење во изминатите 27 години се украдени повеќе од 15 милијарди евра. НАТО и ЕУ го гарантираат криминалот на инсталираните власти во Скопје, а кои за возврат послушно ги  спроведуваат нивните погубни политики за рушење на Македонија и Македонците. НАТО и ЕУ се само параван за ненародните власти во изминатите 27 години во нивниот поход за бесмилосен грабеж на народниот имот“, соопштија од партијата.

Поврзани новости