СДСМ бара Мицковски денес да го повика членството да гласа на референдумот

by Фокус

Владејачкиот СДСМ го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да го искористи денешниот настан во Кичево за да ги повика членовите и симпатизерите да излезат на референдумот на 30 септември и да донесат одлука за членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

„Има време за дневна политика, сега е време за обезбедување на иднината, таа е најважна од се. Време е сите да бидеме едногласни во остварувањето на нашите стратешки и национални интереси – членство во НАТО и ЕУ. Во интерес на иднината, сите треба да се приклучат, да излезат и да гласаат ЗА европска Македонија, соопштија од СДСМ.

Воедно, од таму додадоа дека прашањето за трајно зачувување и признавање на македонскиот идентитет е далеку поважно од меѓупартиските односи.

Поврзани новости