-Големо е задоволството што благодарение на Владата на Република Македонија мобилноста на студентите од први јануари 2016-тата ќе биде многукратно зголемена. Студентите, иднината на оваа земја, заслужуваат ваков третман. Сите 46.576 редовни студенти во Република Македонија ќе ги почувствуваат бенефитите на оваа и другите мерки кои се преземаат во насока на подобрување на квалитетот на студентскиот стандард, велат од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ откако премиерот Никола Груевски објави дека од јануари студентите од државните факултети ќе добијат бесплатен превоз.
Од УМС велат дека ќе продолжеле да се борат за постојано унапредување на условите во кои студираат студентите, а бесплатниот превоз бил доказ дека дека „добрите идеи со помош на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ секогаш го наоѓаат патот до реализацијата“.
-УМС ги повикува младите да продолжат со масовното учество во кампањата „Твојата идеја и треба на Македонија“. Сигурни сме дека некоја од идеите кои ги даваат младите еден ден ќе им го подобрат и олеснат животот на многумина, како што тоа го направи оваа мерка која вчера ја најави премиерот Груевски, изјави Лука Кржалоски, претседател на Градски комитет на УМС.