Саудиски инвеститор на Избирачкиот список во Македонија?

by Фокус

Бизнисменот Калид Ал-Тавил од Саудиска Арабија, за кого јавноста прв пат слушна минатата година при владиниот лов на инвестиции во главниот град Ријад, на 11 ноември годинава добил решение за македонско државјанство издадено од МВР, дознава Телма.

Условите за добивање државјанство ги добил гарантирајќи со банкарска гаранција од 400 илјади евра дека ќе инвестира во Македонија, отворајќи фирма каде ќе вработи 10 луѓе. Со одлуката на Влада донесена во 2012-та година, од особен економски интерес, странец може да добие македонско државјанство, доколку инвестирал најмалку 400 илјади евра како инвестиција во нови капацитети.

Сега за сега нема информации кои се конкретните инвестиции на Калид Ал Тавал во Македонија. Но, тој не е единствен од странците кои ветуваа дека ќе инвестираат во Македонија и кои се најдоа на македонскиот  Избирачки список. Сушанто и Свипна, синот и сопругата на контроверзниот индиски бизнисмен Субрата Рој, како што откри КОД, ќе гласаат во населбата Бардовци.

Поврзани новости