Умерено со пиењето и јадењето, апелираат од Министерството за здравство

by fokus

Министерство за здравство соопшти дека за време на новогодишната ноќ сите јавно-здравствени установи во државата ќе бидат подготвени со дежурни екипи.

Дополнително, со цел избегнување на несакани последици како алкохолни труења и сообраќајни незгоди, од министерството апелираат да се прославува мирно и одговорно, особено во однос на консумирањето алкохолни пијалаци и прекумерното внесување храна.

Исто така апелираат да не се користат пиротехнички средства кои можат да предизвикаат тешки телесни повреди.

Поврзани новости