Улични кучиња нападнаа дедо на плоштад во Скопје

by fokus 12:59
12:59

71-годишник вчера бил нападнат од улични кучиња кај „Ристиќева Палата“ на централниот плоштад во Скопје, плоштад „Македонија“, информираат од полицијата.

Нападнатиот Б.Д. го пријавил случајот во полиција каде што се пожалил дека едно од кучињата го каснало. Веднаш потоа се упатил во болница каде што му била укажана лекарска помош.

- Advertisements -

Настанот се случил вчера околу 12 часот.

Поврзани новости