622
Пензионираниот генерал на руските воздухопловни сили, Канамат Боташев, загина откако неговиот авион беше соборен во воздушниот простор на Украина, тврди Би-Би-Си Русија.
„Боташев е највисоко рангираниот пилот убиен во Украина“, пишува Киев Индепендент на својот Твитер налог.
Генералштабот на Украина соопшти дека рускиот борбен авион „Сухој“ бил соборен над Луганската област и пилотот не успеал да се катапултира од авионот.