Шефот на СЗО доби нов петгодишен мандат

by Fokus 23:55
23:55

Тедрос Аданом Гебрејесус е реизбран за шеф на Светската здравствена организација (СЗО) за нов петгодишен мандат, соопштено е во Женева.

Првиот човек од Африка на чело на СЗО, немаше противници на годишното собрание на организацијата.

Честитки веднаш упати германскиот министер за здравство, кој на Твитер напиша дека Тедрос е избран со 155 гласови од вкупно 160.

– Спектакуларен резултат. Честитки, заслужено, напиша Карл Лаутербах на Твитер.

Поврзани новости