Украинците со свој предлог за кога да се одржи третата рунда преговори со Русија

by Fokus

Третата рунда преговори меѓу Русија и Украина може да се одржи на 7 март. Ова денеска го објави изданието „Украинска правда“, повикувајќи се на извор близок до украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува ТАСС.

– Чекаме потврда од Русите. Нашиот предлог е 7 март, изјавил изворот за медиумот.

Претходно денеска, Михаил Подољак, советник на шефот на кабинетот на претседателот на Украина, изјави за „Страна“ дека преговорите ќе се одржат во следниот ден или два.

Поврзани новости