„Украинската војна може да ескалира во војна меѓу Русија и Западот“ смета Куртулмуш

by Fokus

Конфликтот во Украина би можел да ескалира во војна меѓу Русија и Западот, која би се проширила во Источна Европа, јави државната агенција Анадолу, цитирајќи ја изјавата на претседателот на турскиот парламент Нуман Куртулмуш.

Во однос на конфликтот меѓу Руската Федерација и Украина, тој посочи дека Анкара не го гледа само како војна меѓу овие две земји, туку и како конфронтација што може да прерасне во војна меѓу Русија и Западот. Тој нагласи дека, врз основа на ова, Турција се стреми кон брз крај на војната меѓу Русија и Украина“, пренесува агенцијата.

Според него, страните биле блиску до склучување договор за прекин на огнот преку Турција во Истанбул, но одредени сили го спречиле тоа.

„Мировниот договор меѓу Русија и Украина беше блиску до потпишување во Долмабахче. Беше можно да се склучи фер и еднаков мир кој би бил прифатен од двете страни. Турција всушност го доведе овој процес до одредена точка. Но, бевме сведоци дека некои сили кои не сакаа крај на оваа војна спречија да се постигне конечниот договор во Долмабахче“, рече тој.

Говорникот предупреди дека конфронтацијата меѓу Русија и Украина „може да се прошири не само во регионот на Црното Море и Источна Европа, туку можеби и на многу пошироко подрачје“.

„Во овој поглед, Турција, без сомнение, целосно ќе се вклучи во мировните иницијативи и ќе ги направи сите неопходни напори за да обезбеди постигнување мир меѓу двете земји на дипломатската маса“, рече тој.

Поврзани новости