(ВИДЕО) Летонците постигнаа бизарен автогол и тоа во 14. секунда

by Fokus

Фудбалерите на Летонија и Лихтенштајн ремизираа 1:1 на пријателски натпревар, а натпреварот дефинитивно го одбележа еден од најбизарните автоголови досега.

Се играше 14. секунда од натпреварот, кога Маркис Ос од практично „мртов“ агол, со намера да му додаде на својот голман, успеа да ја затресе неговата мрежа, на чудење на сите присутни.

Се покажа дека токму овој гол им помогна на гостите да стигнат до реми, бидејќи во 11. минута Летонија само израмни преку Рајмонд Кролис.

И ова реми има големо значење за Лихтенштајн, бидејќи со него ја прекина серијата од 24 последователни порази.

Една од најлошите репрезентации во Европа, последен пат избегна пораз на 8 септември 2021 година, кога одигра 1:1 со Ерменија.

Погледнете го автоголот:

Поврзани новости